Достапни линкови

Лондон: Кондолиза Рајс на средба со британскиот премиер Тони Блер


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс престојува во Лондон каде ќе се сретне со британскиот премиер Тони Блер и министерот за надворешни работи Џек Строу. Една од главните теми на разговорите ќе биде иранската нуклеарна програма. Рајс вчера беше во посета на Москва, каде по прашањето за пријавување на Иран пред Советот за безбедност на ОН, за што се залагаат Соединетите држави, не беше постигната согласност со руските власти, кои сметаат дека случајот треба да го реши Меѓународната агенција за атомска енергија.
XS
SM
MD
LG