Достапни линкови

Букурешт: Во Романија регистриран смртоносниот вирус на птичји грип Х5Н1


Министерството за земјоделство на Романија соопшти дека според резулатите од направените тестови, е потврдено дека пронајдениот вирус на птичји грип во земјата е Ха 5 Ен 1, од кој умреа над 60 луѓе во Азија. Ова е прв потврден случај на појавата на тој вирус на европскиот континент. Министрите за надворешни работи на Европската Унија во вторник во Луксембург ќе одржат итен состанок посветен на мерките за запирање на евентуалната епидемија.
XS
SM
MD
LG