Достапни линкови

logo-print

Забрана за увоз на месо од земјите каде што има индикации за птичји грип


Во Македонија има забрана за увоз на пилешко месо од сите земји каде што има индикации за птичји грип. Состојбата редовно се следи се прават анализи на ризиците и во консултација со Европскјата унија секојденвно се донесуваат нови забрани велат од Ветеринарната управа.

„Воведена е забрана за сите земји од Азија каде што е појавена болеста. Во меѓувреме се појави во Русија, Казахстан, од каде што имаме исто така забрана и сега има забрана за Романија и Турција. Ние секојдневно ги следиме состојбите, така што, дневно реагираме на новите појави,“

објаснува Слободан Чокревски директор на управата.

Иако пак во продавниците во државава може да се најдат пилиња увезени од Турција, Словенија, Бугарија и од други земји од Министерсвото за економија велат дека не увезуваме месо од земјите кои се ризични за птичји грип:

„2005 година, од 1 јануари до август, Македонија има увезено, замрзнато пилешко месо и од САД. Од ризичните земји нема увоз на пилешко месо,“

вели Исмаил Ебипи од Министерсвото за економија.

Инаку птичијиот грип предизвика мобилизирање и во балканските земји. Тројца евроспки експерти утврдија присуство на вирусот Х5 во Романија но не презицираа дали се работи за вирусот кој беше присутен во Азија пред неколку години. Во соседна Србија и Црна Гора пак фабриката за производство на заштитни маски и санитетска опрема ке почне да работи во три смени. И во Грција будно се следи состојбата на птиците не само на оние во фармите туку и на птиците преселници. Дадена е наредба доколку се утврди вирусот да се усмратат сите птици во радиус од три километри. Во Турција пак веке се утврди дека вирусот кој е присутен е опасен по лугето, а светската здравствена организација стравува дека бројот на мртви може да биде поголем од оној кој го предизвика вирусот Сарс. Балканските земји за птичјиот грип ке се подготвуваат на конференција во ноември кој ке се одржи во Атина.
XS
SM
MD
LG