Достапни линкови

Барање за прекин на убивањето на обичните муслимани


ЦИА ја објави содржината на писмото што вториот човек на Ал Каеда Аиман ал Завахири му ја испрати на Абу Мусаб ал Заркави водачот на Ал Каеда во Ирак. Во него тој ургира запре убивањето на обичните муслимани како дел од кампањата. Тоа, според експертите за разузнавање и безбедност, покажува дека Ал Каеда е организација со широк стратегиски план за протерување на западните сили од Ирак и воспоставување исламска држава, како и ширење на борбата на Блискиот Исток со евентаулно протерување на Израел.

За Џејмс Филипс не е изненадување што стратегијата на Ал Каеда оди по натаму од напади врз Западот и отпор кон американските напори да спроведе демократија во Ирак. Филипс кој ја проучува надворешната политика и безбедносните прашања на конзерватиниот политички центар во Вашингтон – фондацијата Херитаџ, вели дека долго време е познато дека Осама бин Ладен има намера да формира Калифат ширум муслиманскиот свет. Она што е итригантно во писмото е што тоа укажува на поделбите во Ал Каеда. Имено инструкциите на заменикот на бин Ладен, Ал Завахири до ал Заркави во Ирак се внимателни направени.

„Заркави никогаш не беше дел од главната група на Ал Каеда. Јас мислам дека бин Ладен и Завахири го донесоа и именуваа како командант на Ал Каеда во Месопотамија, односно Ирак, бидејки во него гледаа закана. Тие знаат дека тој има подобра оперативност таму отколку тие. Но Заркави никогап целосно не ја прифати нивната идеологија. “

Според Филипс ал Заркави како бивш осуденик од Јордан е човек кој живее од насилството. Тој не е како бин Ладен и Завахири кои, го користат насилството но се добро образовани лица. Пензионираниот американски генерал Кенет Алард се согласува дека Ал Каеда има широка стратегија. Тој вели дека писмото што вториот човек на Ал Каеда го испраќа до ал Заркави покажува дека тие сакаат воспоставување режим кој ќе има што поголема можна подршка меѓу муслиманите. Алард вели дека нивниот пристап како стратегија е она што уште пред 200 години го тврдеше прускиот теоретичар Карл вон Клаусевиц

„Овие луѓе не се глупави. Тоа што го има во писмото е демонстрација дека Клаусевиц имаше право а тоа дека Војната е продолжување на политиката со други средства. Тоа што е направено тактички има стартегиска импликација. Постариот по значење Ал Завахири му кажува на помладиот ал Заркави да биде сигурен дека тоа што го прави има стратегиска смисла, а не да биде опишано како насилство на муслимани врз муслимани.“

Како да се води битката против нив. Според Алард, Студената војна е добар пример. Запад ја користеше војската за да го држи Советскиот Сојуз, но она што доведе до победа е начинот на кој Роналд Реган и Папата Јован Павле Втори се конфронтираа со идеологијата на Москва. Алард вели дека треба да се ангажираат муслимјанските интелејктуалци, треба да се послушаат луѓето и да се разбере приородата на нивниот критицизам.
XS
SM
MD
LG