Достапни линкови

Загреб: Состанок на шефови на држави од Централна и Југоисточна Европа


Шефови на држави од Централна и Југоисточна Европа се состануваат денеска во Загреб на самит фокусиран на интеграција со Западна Европа. Хрватскиот претседател Стипе Месиќ предупреди дека неуспехот со референдумот за ево-уставот во Франција и Холандија и европските поделби околу Турција и Хрватска пред стартот на преговорите за членство покажува дека има потреба од дискусија за начините како да се комплетира европската интеграција и дека тој процес не смее да запре. На самитот се присутни претседателите на Италија, Австрија, Полска, Унгарија, Чешка, Словенија, Словачка, Романија, Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Молдова.
XS
SM
MD
LG