Достапни линкови

Москва: Заврши операцијата за ослободување на заложниците во Налчик – Кабардино Балкарија


Руски официјални личности соопштија дека операцијата за ослободување на заложниците во Налчик – Кабардино Балкарија заврши. Ослободени се седум заложници од две локации во градот кој вчера беше нападнат од вооружени милитанти за што одговорносат ја презедоа чеченските сепаратисти. Во нападот загинаа најмалку 85 лица, од кои ,според руските власти, 61 милитант, 12 припадници на безбедносните служби и 12 цивили.
XS
SM
MD
LG