Достапни линкови

Пред разговорите за статусот на Косово Македонија треба да инсистира на демаркација на границата


Македонија мора внимателно да ги следи движењата во регионот, посебно текот на преговорите за решавање на идниот статус на Косово, сметата експертите во Македонија. Македонската влада според нив треба да лобира кај меѓународниот фактор, пред завршување на преговорите да се затворат отворените прашања со Косово:

„Секако дека приоритет е инсистирањето на затворање на прашањата што директно не тангираат. Тука пред се мислам на прашањето на границата, но исто така е потребно силно лобирање кај меѓународната заедница, дека одредени солуции што можеби би се покажале прифатливи за двете страни во преговорите може да имаат негативни консеквенци на Република Македонија и другите земји во регионот. За нас најголемата опасност е од евентуално хипотетичко решение за територијални отстапки, односно менување на границите на денешно Косово,“

вели професорот Билјана Ванковска од институтот Евро Балкан. Решавањето на статусот на Косово и затварањето на неколку отворени прашања во регионот ќе вклијаат и на процесот на евроатланстките интеграции на македонија , ова во скопје минатат недела го изјави високиот преставник на НАТО Џејми Шеј.

„Се разбира евроатлантската интеграција на на овој регион е важен процес, но за тоа треба да ги вклучиме во партнерството за мир и Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора. Во овој дел има и ризици, не знаеме како ке се одвиваат разговорите за статусот на Косово , можен референдум во Црна Гора, како и старите проблеми како организираниот криминал,“

изјави Шеј.

И професорот Ванковска се согласува оти решавањето на статусот на Косово ке помогне во процесот на интеграција на македонија во евроатланстките структури:

„Затворање на секое прашање во овој регион е добра вест за Република Македонија затоа што сепак влегуваме во транзисионен период во кој ќе мора да се следат настаните во соседството и да има свои одговори на прашањата што би се поставувале. Секако, ние не сме фактор во преговорите. Но, да не се залажуваме дека тоа ќе оди лесно, дека двете страни имаат визија за преговорите, мислам дека стојат закопани на почетните позиции и тешко е да се прогнозира како и во кој временски период ќе се заврши.“
XS
SM
MD
LG