Достапни линкови

Каматите сеуште премногу високи


Медиумите во последно време се полни со реклами за кредити од различни банки кои на граганите им се нудат со разни услови. Каматните стапки на кредитите за купување на недвижен имот се околу 9 отсо а грганите може да ги отплакаат најмногу до 20 години зависи од банката која ги дава. Но оние кои се веке корисници се жалат и не се задоволни. Тања Парлапанова вели дека немала друг избор едноставно и требале пари за да купи стан а земањето кредит бил единствениот начин. Првата забелешка таа ја има околу самата процедура пред земањето

„Условите беа еден жирант. Мора некој од фамилија да се вклучи, ако е поголем износ.“

Но уште потешко ни е вели таа кога доага датумот во месецот на кој мора да се плати ратата

„Каматата е висока и во договорот стои дека е променлива, а тоа значи дека ако сметаат дека ако постои можност за качување може да се качи каматната стапка и има несигусрност кај мене дека може и да го изгубам станот зашто ми е под хипотека.“

Високите каматни стапки условуваат и голема сума на пари која треба да се даде и економистот од Центарот за економски анализи Ристе Наумов ги потврдува сознанијата на граганите дека каматите се пониски дури и кај нашите соседи Грција и Бугарија каде што стапките се помали за два насто Народната Банка пак е таа која што ги условува високите камати:

„Прво може да ја намали дисконтната стапка и да се подобри стабилноста на валутата преку фкуктуирачки курс. Моментно има фиксна политика и има потреба од девалвација на денарот и кога тогаш се очекува тоа да се случи за заживување на економијата.“

Објаснува Наумов и додава дека неажурното судство пак е една од основните причини поради кои банките бараат исполнување многу услови пред да им одобрат кредит на граѓаните

„Има своја улога и судството, односно начинот на активирањето на хипотеките и тоа одредува калкулација на поголем ризик од наплатливот на кредитите.“

Но, сепак со евентуалниот влез на странски банки во Македонија Наумов очекува мало намалување на каматни стапки.
XS
SM
MD
LG