Достапни линкови

Потребно расветлување дали востанието било задоцнето


По 64-те години од почетокот на народното востание историчарите инистираат на рссветлување на полемиката дали македонското востание календрски било задоцнето поради дејноста на Методија Шаторов Шарло како што се третира во историографијата што датира од 455-та година или поради други причини. Независно од дејноста на Шарлов кој се смета дека македонската историја ја приклучил кон бугарската комунистичка партија. Никола Стојановски од Сојузот на борците вели дека месните комитети претходно вршеле подготвки за востаните кое не може да се смета за задоцнето:

„Во август имаше формирано скопски партизански одред. Но официјално се зеде да биде 11 октомври, затоа што тогаш имаше акција во Прилеп.“

Историчарот Новица Велајановски исто смета дека податокот дека востанието било задоцнето не се интерпретира правилно зошто според него било потребно да се изрвшат сите подготвки тоа да биде упешно:

„Во 45 година во историјата влезе дека востанието во Македонија доцнело, главно поради одлуката на Методија Шаторов – Шарло. Тоа не може така да се прифати, да се каже така едноставно и праволиниски.“

Лазар Лазаров, професор на Универзитетот на Европа вели дека постојата две причини поради кои погрешено се смета дека востанието било задоцнето тој вели дека тогашните проценки биле дека востанието не требало да биде избрзано каков што бил случајот со илинденското востание и дека од друга стрна не било решено прашањето на останантите делови од Македонија

„Основната грешка не била во личностите туку, напротив во решавањето на македонското национално прашање. Така што, донесувањето на правилната одлука од страна на КПЈ и нејзиното задоцнето решавање на македонското прашање е главна причина за задоцнетото кревање на востанието во Македонија.“


Но за разлика од гледиштата дали востанието било задоцнето и од кои причини историчарите се поделени околу улогата на Шарлов:

„Има елементи кои укажуваат дека Шарло е поврзан со Бугарската комунистичка партија.“

Но, од друга страна Лазар Лазаров вели:

„Шарло бил личност со европски сфаќања. Но, како и многу други личности, тие беа табу теми и на некому не му одговараше да дојдат до израз.“

Повеќе светлина врз случуавњтта од Народно ослободителната војна во Македонија треба да произлезе од научниот осбир што ќе се одржи наредниот период. Според историчарите целта на овој собир е прашањата на историјата да се ослободат од политизација.
XS
SM
MD
LG