Достапни линкови

Хаг: Почнува процесот против тројца српски офицери за масакрот во Вуковар


Против тројца српски армиски офицери денеска во Хашкиот Трибунал ќе започне судски процес за масакрот во Вуковар во 1991 година. Веселнин Шљиванчанин, Миле Мркшиќ и Мирослав Радиќ се обвинети за воен криминал и злосторство против човештвото, бидејќи трупите под нивна команда транспортирале стотици лица од несрпска националност на една фарма. Најмалку 264 тела на, претежно хрвати се пронајдени во масовна гробница. Тојцата офицери изјавија дека се невини.
XS
SM
MD
LG