Достапни линкови

logo-print

Зтолемени напори за борба против птичјиот грип


Американскиот секратар за здравство Мајк Луит ја започна десетдневната турнеја низ Југоисточна Азија каде што ќе разговара за напорите за борба против причјиот грип. Неговото патување доаѓа во време на растечка загриженост дека пандемија од птичји грип во светот би можела да убие милиони луѓе низ светот.

Смртоносниот вирус на птичји грип во Виетнам уби 41 лице, повеќе од во било која друга земја. Токму со посетата на оваа земја американскиот секретар за здравство Мајкл Луит ја започнува десетдневната турнеја на југоисточна Азија, при што ќе посети уште три останати азиски земји како Камобоџа, Тајланд и Лаос, кои се најмногу погодени од птичјиот грип. Имено, во Азија, птичјиот грип до сега уби милиони птици и зарази сто луѓе.

Но, според експертите, ако вирусот добие можност лесно да се пренесува од човек на човек тој би можел да убие милиони луѓе за неколку месеци. Пред да го напушти Вашингтон, американскиот секретар за здравство Луит, изјави:

„Не знаеме дали вирусот Х5Н1 ќе стане пандемичен или не. Но, она што знаеме е дека некој ден ќе има пандемија, а нашите подготовки не се адекватни, нашата намера е да се подготвиме за што и да дојде.“

Луит ќе се обиде во рамки на дискусиите со претставниците да изгради доверба и врски во случај на епидемија од инфлуенца. На неодамнешниот состанок во Вашинготн, претставници на 80 земји учеснички на средбата дискутираа како да и се спротивстават на болеста на птичјиот грип, но не беше постигнато решение за кризата. Состанокот сепак го подигна профилот на потенцијалната криза и почна со формирањето на мрежа потребна за справување со болеста.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмен Шон Мекормак вели:

,,Мислам дека покажува дека ние во Стејт Департментот како дел од пошироките владини мерки се припремаме за можна пандемија од птичји грип.“

Од петокот птичјиот грип е уште поблиску до Европа. Романија соопшти дека открила три случаи на птичји грип во околината на делтата на Дунав, а по веста за уште три нови случаи во оваа земја во тек е операција за убивање на стотици птици за спречување на ширењето на болеста. Птичјиот грип е регистриран и во Турција, а властите соопштија дека ги презеле сите мерки на безбедност.
XS
SM
MD
LG