Достапни линкови

Скопје: Седница на Владата за новиот предлог на Нимиц за спорот со името


Македонската Влада денеска ќе одржи посебна седница посветена на новиот предлог на специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц за решавање на спорот со името, на која ќе присуствува и претседателот Бранко Црвенковски. Македонскиот претседател синоќа изјави дека двете страни во спорот, македонската и грчката, добиле нов предлог од Нимиц, но содржината на предлогот не ја соопшти, со оглед на преземените обврски за начинот на водење на процесот. Грчкото министерство за надворешни работи ги отфрли предлогот на Нимиц, соопштувајќи дека на својот претставник во ОН му наложиле да го врати предлогот за името како ,,неприфатлив,,. За утре по ова прашање Претседателот Црвенковски најави средби и со лидерите на парламентарните партии.
XS
SM
MD
LG