Достапни линкови

logo-print

Багдад: Отфрлањето на Уставот може да доведе до хаос во Ирак


Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари оцени дека доколку се случи отфрлање на новиот Устав на Ирак на референдумот закажан за 15-ти октомври, може да дојде до хаос во земјата. Зебари во интервју за британскиот печат додава дека со прифаќањето на Уставот ќе и се даде легитимитет на власта, и ќе се стави крај на насилствата во земјата. Инаку, за зголемување на безбедноста за време на референдумот, како што соопштија ирачките власти ќе биде воведен полициски час и ќе бидат затворени границите и аеродромите.
XS
SM
MD
LG