Достапни линкови

logo-print

Пакистан: Повеќе од 18 илјади загинати во катастрофалниот земјотрес


Повеќе од 18 илјади лица е последниот биланс на загинати во силниот земјотрес што вчера го погоди Пакистан и регионот, а како што изјави портпаролот на пакистанската полиција Шаукат Султан во земјотресот се повредени повеќе од 40 илјади лица и причинета е голема материјална штета. Работата на спасувачките екипи се одвива отежнато, поради непристапноста и одалеченоста на погодените места. Повеќето држави и меѓународни хуманитарни организации, почнаа со испраќањето на помош и спасувачки екипи во регионот погоден од катастрофалниот земјотрес. Епицентарот на земјотресот беше во пакистанскиот главен град Исламабад, а земјотресот освен пакистанскиот, ги погоди и индискиот дел на Кашмир каде загинале 360 лица, како и Авганистан каде според податоците загинале две лица.
XS
SM
MD
LG