Достапни линкови

Гватемала: Во лизгање на земјиште над 1 400 загинати


Околу 1 400-тини лица загинаа при лизгањето на земјиште во Гватемала, а спасувачките екипи работат на извлекување на преживеаните. Силните дождови од Ураганот Стен кој го погоди регионот, предизвикале лизгање на кал, поради што едно село било целосно затрупано, соопшти портпаролот на пожарната патрола Марио Круз. Во несреќата има жртви во целиот регион. Околу 70 лица загинале во Ел Салвадор, повеќе од 20 во Мексико и 11 во Никарагва.
XS
SM
MD
LG