Достапни линкови

Наместо борба за работнички права, борба за превласт


Расправии, тензија, меѓусебно препукување со разни обвиненија за финансики малверзации, вака веке неколку месеци изгледа синдикалникот живот откако СОНК на чело со Дојчин Цветановски се одели од Сојузот на Синсикати на Македонија на Ванчо Муратовски. Деновиве борбата на двете страин ескалираше и со физичка пресметка мегу портирите во зградата на ССМ и телохранителите на претседателот на синдикатот за одбрана Ристо Ајтов. Но дали целата оваа ситуација ги одалечи од она што е нивната суштина, да се грижат за правата на нивните члениви. Од нив едни од најзасегнатите се професорите кои сметаат дека кај нас и во синдикатот се вмешани политички и финансиски интереси кои ја создаваат ваквата состојба:

„Тоа најверојатно 40,000 членови, по две евра месечно е 80,000 евра, тука е битката, битка за 80,000 евра,“

вели профессор во едно средно училиште.

Претседателот на самостојниот синдиката на образование, наука и култура Дојчин Цветановски пак вели дека иако во поселдно време се актуелни по расчистување на сметките со Муратовски сепак не ги запоставиле барањата на нивните членови

„Овој синдикат дненво си ги остварува и функциите што ги има со членството,“

вели Цветановски и додава дека мегу членството не постои незадоволство од моменталната ситуација

„Нашето членство ја знае вистината, и нема незадоволство, туку само огромна поддршка.“

И Портаролот на ССМ Пеце Груевски вели дека иако во периодов имаат недоразбирања нивните активности не се сопрени.

„Ние имаме активности, но оптоварени сме со прашања за кои не треба да бидеме, кои треба да се решаваат внатре во куќата, а не надвор.“

објаснува Цветановски но и потенцира дека сето ова влијае врз членството:

„Можеби нема влијание внатре, но членството е збунето.“

Преставниците пак и на двата синдиката сметаат дека дел од вината за тезнијата ја имаат и медиумите кои известуваат само за негативните работи кој што се случуваат и велат дека иако имаат активности во известувањето секогаш тие се ставени во втор план.
XS
SM
MD
LG