Достапни линкови

logo-print

Пакистан: Десетици загинати и стотици повредени во земјотрес


Повеќе десетици загинати и стотици повредени. Ова се првичните извештаи за жртвите од силниот земјотрес што денеска погоди делови на Пакистан, Индија и Авганистан. Агенциите јавуваат дека тамошните власти очекуваат бројот на жртвите да се зголемува. Земјотресот бил со сила од седум запирка шест степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар се наоѓал на деведесет километри северо источно од пакистанскиот главен град Исламабад. Постојат извештаи дека во областа Кашмир било затрупано едно село.
XS
SM
MD
LG