Достапни линкови

За економски раст потребно е подобрување на конкуренцијата и реформи


Националниот совет за претприемништво и конкурентност, како високо советодавно тело кое го акцентира дијалогот меѓу приватниот, граѓанскиот и јавниот сецтор има за цел преку свои препораки да посочи јасни насоки за движење на македонската економија со цел да обезбеди долгорочни предуслови неминовни за приближување кон глобалната конкурентност и интегрирање во евроатлантските структури. Македонија треба да продолжи со реформите и борбата против корупцијата посочи амбасадорот на ЕК во Македонија Донато Кијарини:

„Потребата од тешки реформи во правниод систем е многу јасна. Наоѓањето на одржлива решенија за предизвица како добра влада, пшравен систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал се во тек. Овој процесс е далеку од тоа да биде завршен. Но, напорите нема да сопрат со вакви политички критериуми. Економските реформи мора да се одвиваат паралелно со политичките. Во тој поглед неопходно е да се стави акцент на конкурентноста. Во последното рангирање Македонија се наоѓа на 85 место на глобалниот конкурентен индекс и е 34 места подолу од најниско рангирата земја членка на Европската Унија Полска која се наога на 51 место.“

Амбасадорот на САД во Македонија Џилијан Милованович оценувајќи ја 10 годишната соработка со Македонија како можне успешна посочи дека подршката на САД за Македонија во економијата нема да изостанува и во иднина:

„Во овие години Македоина и САД се пријатели и партнери, а предизвиците беа многу. Денеска еден од главните предизвици кој е поставен пред Македонија е да го забрза економскит раст и отворање на нови работни места. Не постои ниту еден ситем во општесвото кој може да се справи сам. Тоа е предизвик кој бара блиско партнерство меѓу владата , приватниот и граѓанско општесво,“

изјави амбасадорот Милованович. Министерот за Економија Фатмир бесими ја нагласи улогата на Националниот Совет која преку препораки го помага движење на македонската економија:

„Овој начин на организирано дејствување меѓу јавниот и приватниот сектор преку взаемен дијалог, од каде и идеите добиваат и конкретна реализација е вистински пример како треба и како се доаѓа до резултати.“
XS
SM
MD
LG