Достапни линкови

Секој закон е подобар од немање закон


Законот за надворешните работи и е неопходно потребен на Република Македонија оти без законско уредување на работите во областа на надворешната политика би имало простор за самоволие и конфликти, ја коментираат пратениците потребата од донесување на овој закон.

,,Ќе биде добро да ја усвоиме првата фаза и со сугестиите што ќе ги дадеме да се усвои законот. Најлошо е да нема закон. Беззаконието е полошо од било кој лош закон, а овој закон може да биде добар со некои исправки и мислам дека треба да се додаде,”

вели Стојан Андов од Либералната партија

Додавајќи дека во 2000 година предложил текст на закон за надворешни работи , но од различни причини тој не бил донесен. И според Слободан Чашуле од ВМРО-Народна партија донесувањето на овој закон би создал надворешно-политичка стратегија на државата која ќе ги дефинира позициите на претседателот и министерот за надворешни работи.

,,Јас не можам да разберам како тоа Собранието, еве сега, го менува уставот, значи може да го уреди темелниот акт на државата, а да не може да биде овластено да создаде недворешно политичка стратегија и таа да стане предмет што ќе го извршуваат претседателот, министерот и владата.”

Во однос на квалитетот на овој закон Чашуле со свои забелешки:

,,Министерството за надворешни можеше да направи подобра работа да подготви поиздржан и покомпактен текст.”

Пратеничката Каролина Ристова од СДСМ смета дека законот би обезбедил правна рамка за регулирање на сите институции во надворешната политика и меѓународните односи и досегашното делување на дипломатските институциите директно со одредби
Од уставот не е добро.

,,Во изминатиот период било тешко да се постигне согласност околу институционално политичкиот дел и во делот на самата професионална дипломатија, но сепак конечно ќе добиеме таков закон.”

По четиринаесет години од осамостојувањето на државата Македонија се уште нема закон за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG