Достапни линкови

logo-print

Главен интерес за економијата и за перспективите на Македонија во ЕУ


Колкави се каматни стапки во вашата земја, кои се најголемите и најуспешните фирми беа дел од прашањата кои на македонските стопанственици им ги поставуваше тимот составен од Воената академија на Велика Британија и НАТО. Иако дванаесетмината преставници од различни земји се од воениот сектор сепак нивниот интерес не е само одбраната туку целта е и од прва рака да се информираат за состојбите во политиката, економијата,индистријата и социјалната ситуација.

„Сите не сме воени лица. Всушност јас сум дипломат, а во тимот имаме и главно полициски офицери и цивилна администрација. Нас не не интересира само воениот дел туку и сите проблеми со кои се соочувате во регионот како и вашите перспективи за приклучување во Европската унија.“

вели Хилари Синот водачот на групата која на опуштената средба во бизнис клубот на Сојузот на стопански комори се интересираше за иднината на малите и средни претпријатија.

„Имавме многу интересна дискусија. Очигледно е дека македонската економија е подобрена во последниве неколку години и треба да се вложат напори за да се подобри уште повеке. Тоа е добро затоа што мислам дека многу луге сакаат да ја видат Македонија како членка на Европската Унија, а за да се случи тоа неопходно е добро да се трансформира економијата. Јасно е дека тоа и се случува“

објаснува Синот.

И претседателот на сојузот на стопански комори Венко Глигоров смета дека економската состојба е многу важна за приемот во евро атланстките структури

„Сакаме да се фокусираме на добрите работи и да ја покажеме Македонија во подобро светло. Деновиве се зборува дека во недостаток на странски инвестиции единствен излез за растеж е развојот на малите и средните претпријатија.“

вели Глигоров.

Тимот во Македонија престојува од 4 до 9 овој месец.Тие се на балканската четири неделна турнеја во чии рамки покрај кај нас ке ги скенираат состојбите во Србија И Црна Гора , Албанија и Хрватска. Во Скопје и во Охрид тие ке имаат повеке средби на министерски нивоа.
XS
SM
MD
LG