Достапни линкови

logo-print

Охрабрување за процесот на реформи


Во период кога се спроведуваат реформи во повеќе области, како судство, децентрализација и слично, со порака дека ќе продолжи помошта од ОБСЕ, во земјава денеска престојува претседавачот на оваа меѓународна организација Димитриј Рупел, министер за надворешни работи на Словенија:

,,Претседавачот е свесен за напорите што се прават и реформите во тек, па тој доаѓа со порака за охрабрување на надлежните за продолжување на реформите потребни за достигнување на европските стандарди за приближување на вашата земја до ЕУ и НАТО,”

изјави Сали Брајтон од канцеларијата на ОБСЕ во земјава.

Одделот за право при оваа организација соработува со државните институции на различни проекти. Помош и мислења се даваат и во процесот за промена на Уставот за реформи во судството:

,,Повеќето од проектите во моментов се во тек. Мислам дека може да кажеме нешто конкретно за помошта во отворањето на канцелариите на народниот правобранител и во други градови во Македонија,”

вели Браутон.
XS
SM
MD
LG