Достапни линкови

Македонија мора да биде најдобра во регионот за да привлече инвестиции


По 2002 година, која како што информираат од Министерството за економија важи за година на драстично опаѓање на странските инвестиции поради нестабилна политичко-безбедносна состојба, веке наредените години има благ пораст со учество на странските директни инвестиции во бруто домашниот производ од околу 2 проценти годишно. Различнични показатели пак има кога станува збор за странските директни инвестиции и колку нив ги има во земјава. Според некои од последните истражувања на мегународите економски организации Македонија во регионов е на претпоследното место по инвестиции по жител и тоа само пред Србија и Црна Гора. Експертите сепак посочуваат дека некои истражувања како неодамнешното на Виенскиот институт велат дека Македонија е некаде на средината после Хрватска и Бугарија

,,Бизнис климата во однос на регионот не е најдобра, но Македонија не е ни најлоша. Ако Македонија сака да направи исчекор, Македонија мора да биде апсолутно најдобра за да привлече странски инвестиции. Хрватска нема проблеми, има море. Македонија нема предност,”

изјави Ванчо Узунов професор по Применета економија на Правниот факултет во Скопје. Според него секогаш има простор за да се работи на подобрување на бизнис климата и привлекувањето на странски инвестиции. За тоа на што треба да се стави акцент во наредниот период за подобрување на економските услови во земјава, Верица Хаџивасилева Марковска директор на ревизорската кука Ернст и Јанг вели:

,,Многу повеќе ќе треба да работиме на средувањето на односите во одделните професии, задржувањето на кодексите во работењето во разни професии, ревизори, адвокати, нотари. Развивањето на човечкитр ресурси. Ние мислиме дека имаме квалитетен кадар, но сепак изгледа дека не сме многу конкурентни и во однос на регионот, а не пошироко.”
XS
SM
MD
LG