Достапни линкови

Прага: Посета на ирачкиот претседател на седиштето на Радио Слободна Европа


Ирачкиот претседател Џалал Талабани денеска ќе го посети седиштето на Радио Слободна Европа во Прага. Талабани ќе говори за престојниот референдум во Ирак за новиот устав, за меѓу-етничките односи, како и за безбедносната ситуација. Инаку, во Ирак започна дистрибуцијата на милиони копии од новиот Устав, со цел ирачаните да се запознаат со документот пред референдумот, закажан за 15-ти овој месец.
XS
SM
MD
LG