Достапни линкови

logo-print

Македонската опозиција ја повикува владата да не прави отстапки


Спорот со името со Грција не може да го попречи процесот на интеграција на Македонија во ЕУ велат аналитичарите и опозициските партии кои ја повикуваат Владата да не подлегнува на грчките провокации и да не ретерира во ставовите за двојната формула која им се нуди како најдобро можно решенија на јужниот сосед:

,,Според времената спогодба Грција не само што нема право да попречи членување на Македонија во меѓународните организации, туку има обврска да се залага. Ова е повеќе политичко прашање сега кога треба да се даде мислење за прашалникот”

вели аналиотичарот и советник за надворешна политика на премиерот Бучковгски Мерсел Биљали.

Со слично мислење и поранешниот Министер за Надворешни работи и пратеник на ВМРО Народна Слободан Чашуле кој вели единствениот начин Грција да го попречи интегрирањето на Македонија во ЕУ е таа да се откаже од привремената спогодба:

,,Грција само може да крева врева, да не провоцира, но да не спречи не може. Треба еднострано да се откаже од времената спогодба, да ги навреди ОН и да се изземе од редовното функционирање таму и да се откаже од спонзорството на САД во овој невралгичен момент.”

Според Биљали гриција не би се решила на таков радикален чекор не само поради спогодбата туку и поради нејзините бизнис интереси во Македонија

,,Не верувам дека Грците би преземале таков радикален чекор, затоа што тие имаат инвестиции во Македонија.”

По изјавата на премиерот Владо Бучковски дадена за време на неговата посета во Велика Британија дека спорот со името со Грција може да влијае во натамошното приближување на земјата кон Унијата реагираше шефот на грчката дипломатија Петрос Моливијатис кој се обидува одговорноста за прашањето за името целосно да ја префрли на македонска страна. Тој за весникот „Катимерини“ вели дека Грција има јасно гледање за ова прашање и дека одговорноста лежи на другата страна, која како што изјавува Моливијатис, ќе мора да преземе суштинска акција на добра волја.
XS
SM
MD
LG