Достапни линкови

Пари под рака секаде за завршување на секаква работа


Тема на постојана дискусија во Македонија се митото и корупција. Граѓаните велат дека пари под рака се бараат секаде и за секаква работа, а некои од нив би се согласиле и да дадат:

,,Па не сум имал потреба до сега, ама ако треба, бијдеќи е вообичаено кај нас можеби.”
,,Обавезно инаку не може да се заврши работа.”


На некои пак им се случило како што велат и да бидат приморани да дадат пари:

,,Сум морал, ми се случило, се работело за здравје.”
Но голем дел од нив се категорични дека никогаш не би се согласиле да подминат
,,За да се вработи ќерката бараа пари. Не дадов мито и не давам на никого.”
,,Ми бараа, ама не би дал.”
,,Поарно би крадел, ама нема да дадам.”


Како главни виновници за ваквата состјба граѓаните посочуваат:

,,Рибата смрди ог главата”
,,Од врвот почнува.”


Според антикорупциската комисија пак годишно од физички и правни лица се поднеси околу 650 пријави вели Софија Пејовска Дојчиновска секретар во комсијата и објасува дека сите пријави кои се доставени до нив се разгледуваат а понатаму тие утврдуваат за кои има основа за понатамошна постапка:

,,При постапувањето по предметите во околу 50 насто од предметите дека или комисијата не е надлежна или нема основ за било какво постапување и таа ги известува странките и им дава упатство каде може да се обратат.”

вели таа и додава дека според законот секој грѓанин кој ќе пријави мито е заштитен со закон:

,,Одредбите од законот се јасни, тоа е заштита за оние кои ќе пријават.”

Граѓаните пак кои ке се обратат до комисијата мора да го сторат тоа по писмен пат и да ги остават податоци за контакт објаснува Дојчиновска и потенцира дека се разгледуваат и пријавите кои се поднесени анонимно.
XS
SM
MD
LG