Достапни линкови

logo-print

Луксембург: Планираниот почеток на преговорите за членство на Турција во ЕУ под прашалник


За денеска планираниот почеток на преговорите за влез на Турција во Европската Унија е доведен под прашалник откако повеќето министри за надворешни работи на земјите членки се уште не можат да ја убедат Австрија да се откаже од предлогот: да не и биде понудено на Анкара целосно членство во Унијата. Шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник изутрината сепак ја остави отворена вратата за постигнување извесно решение околу спорот. Австрија побара и почнување на преговорите со Хрватска кои беа суспендирани поради несоработката на Загреб со Хашкиот трибунал. Инаку, стартот на преговорите меѓу Турција и Унијата е закажан за денеска во седумнаесет часот во Луксембург.
XS
SM
MD
LG