Достапни линкови

Бали: Индонезискиот претседател во посета на местата на нападите


Индонезискиот претседател Сусило Јодхојоно денеска ќе го посети туристичкиот остров Бали, по синоќешните експлозии кои одекнаа на островот при што загинаа најмалку 25 луѓе, вклучувајќи и двајца австралиски и јапонски државјани, а 100-тина се повредени. Индонезискиот шеф за безбедност генерал Ансјад Мбаи изјави дека нападите се извршени од страна на бомбаши самоубијци од терористичката организација Џaма Исламијах, поврзана со Ал Каеда. Синоќешните најмалку три ексползии се случија на плажата Џимбаран и во еден шопинг центар во Кута. Сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападите. ОН, како и повеќето земји меѓу кои Соединетите држави и Британија, ги осудија нападите на Бали.
XS
SM
MD
LG