Достапни линкови

logo-print

Технолошки вишок – македонска транзициска приказна


Седумстотините отпуштени од работа поради трансформацијата во македонски железници носат уште толку лични приказни. Некои од нив работеле долги години како книговодители, некои пак како контролори. Сега велат се на улица и не гледаат излез од ваквата состојба.

Меѓу нив има и случаи кога двајцата вработени во семесјтвото, мажот и жената работеле во железница а сега и двајцата се отпуштени.Таков е случајот и на Трајанка Колевска:

„32 години, маж ми пет години не работи. Синот дипломиран не е вработен, другиот студира и мене ме избркаа, а знаеја тука. Сега сме без никакви примања, никој од фамилија не работи, со 52 години старост, маж ми 57 – на улица.“

раскажува таа и вели дека кај неа не постои надеж за ново вработување:

„Излез каде? Постои ли држава тука и каде да се оди и да се најде решение. Тешко е за работа и за синот, а камо ли ние со возраст.“

Излезот не го бара ниту во повторно вракање на работа во железница:

„Знаеја дека мажот не работи и не ни сакам да се обраќам зашто немам разбирање.“

Во моментов Трајанка е пријавена во Заводот за вработување и нејзиното семејство живее само од парите кои ги примаат од таму. И нејзината колешка Симка Николовска од контролното одделение на железница сега е во слична состојба:

години работам, маж ми го избркаа од каросерија. Овде доставив и од завод дека маж ми не е вработен.“

вели таа и објаснува како изгледа нејзиниот живот само со парите кои ги зема од заводот за вработување
„За сега се снаоѓам со 5,000 што ни ги даваат, од тие 2,500 сметки.“

Трајанка и Симка се две од 750 вработени кои во почетокот на годинава македонски железници ги прогласи за технолоски висок. Мал дел од нив беа вратени на работа. На другите пак покрај задолжителните отпремнини им биле ветени и четири дополнителни просечни плати на ниво на државата тврдат тие но и обвинуваат дека сеуште не ги добиле.
XS
SM
MD
LG