Достапни линкови

Пекинг: 56 години од комунистичкото владеење


Во Кина денеска се одбележуваат 56 години од комунистичкото владаеење со централна прослава на плоштадот Тиенанмен во Пекинг. Премиерот Вен Џибао по повод Националниот ден на Кина изјави дека и натаму ке се притиска на рапиден економски развој под супремација на комунистичката партија. Кинеска економија расте, но расте и невработеноста и јазот меѓу богатите и сиромашните, како и корупцијата, алудираше во говорот Вен Џибао. Истовремено во северо-источниот тегион Ксијангџијанг се одбележува 50 годишнината од автономијата, каде што Уигхур исламски милитанти, кои според Пекинг се терористи, со децении се борат за само определување.
XS
SM
MD
LG