Достапни линкови

Загреб: Карла Дел Понте во посета на Хрватска


Главниот обвинтел на Хашкиот трибунал Карла дел Понте денеска е во Загреб на разговори за хрватската соработка со Трибуналот. Главна тема, како што се очекува, е решавањето на проблемот со испорачувањето на генерал Анте Готовина кој е обвинет за убиство на сто и пеесет и за протерување на сто и пеесет илјади срби од Хрватска. Дел Понте вчера во Белград изрази интерес поранешниот српски командант генерал Ратко Младиќ да се најде во Хаг до дваесетти ноември на десет годишнината од Дејтонските договори.
XS
SM
MD
LG