Достапни линкови

Њујорк: ОН предупредуваат на опасноста од птичји грип


Обединетите Нации предупредија дека би можело да умрат над сто и пеесет милиони луѓе, доколку светот претходно не успее да се подготви за очекуваната мутација на птичјиот грип. Имено, се очекува во секој момент овој грип да почне да се пренесува од човек на човек, а не како досега во близок контакт со птиците. Последната епидемија на грип се случи во почетокот на минатиот век и во неа загинаа над четириест милиони луѓе.
XS
SM
MD
LG