Достапни линкови

Македонија заслужува статус кандидат за членство


Македонската влада се фокусира на вистинските области во реформите за нејзината иднина во ЕУ, судството, полицијата изборниот процес и стопанството но европскиите партнери бараат имплементација на овие рефорви во дело а не само нивно усвојување, порача британскиот амбассадор во македонија Роберт Четертон Диксон, на конференцијата за подготовките на Југоисточна Европа за влез во Европската унија што се одржува во Скопје

„Колку случаи на корупција успешно се спроведени, дали изборите се слободни и правични, дали оние што го успоруваат изборниот процес се гонат и осудуваат, дали полицијата и судството правично го спроведуваат владеењето на правото низ целата земја и дали фирмите се натпреваруваат на еднакво рамниште. Ова се специфичните прашања што ЕУ и земјите членки мора да ги постават за да донесат суд за своите партнери.“

Македонија успеа да ги надмине најтешките предизвици кои беа пред неа конфликтот во 2001 и ги иплементираше обврските кои произлегуваа од Охридскиот Договор и затоа очекуваме да добиеме позитивен одговор од ЕК порача првиот парламентарец Лупцо Јордановски.

„Ние со право очекуваме, вие, нашите пријатели од Европа да ги валоризирате соодветно и коректно сите тие наши, повторно да кажам, одработени позиции, не поради нас, туку поради вас. Успехот на Македонија е успех на Европа!“

Според Ален Лероа спецјален преставник на ЕУ за Македонија за време на конфликтото до 2001 Нашата земја направи голем прогрес и затоа мора да добие статус на земја кандидат.

„Мојот личен став е дека Македонија заслужува да добие позитивна оценка, осебено порадиоа што знам од каде беше Македонија и големиот прогрес кој го направи ова земја последниве години. Јасно е дека мора да продолжите со реформите бидејки знаеме дек ЕУ од вас бараше многу и ќе бара и наредниов период но едно е јасно Македонија заслужува да добие пиокана за членство во ЕУ.“

изјави Лероа.

Конференција за подготовките на Југоисточна Европа за влез во Европската унија е во организација на Секретаријатот за европски прашања на македонската Влада и Вилтон Парк конференции од Велика Британија која е еден од водечките центри за анализа и промоција на главните политички текови во Европа.
XS
SM
MD
LG