Достапни линкови

Белград: Посета на Карла дел Понте


Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Карла дел Понте денеска ќе престојува во посета на Србија и Црна Гора при што уште еднаш ќе изврши притисок за поголема соработка со судот. Таа ке побара апсење и израчување на Ратко Младиќ осомничен за поврзаност со масакрот на 8 илјади муслимани во Сребреница. Властите во Белград велат дека не можат да го лоцираат Младиќ. Шефот на дипломатијата Вук Драшковиќ пак предупреди дека на земјата и се заканува изолација доколку до 20 Ноември на 10 годишнината од Дејтонскиот договор не го предаде Ратко Младиќ.
XS
SM
MD
LG