Достапни линкови

logo-print

И мажите подложни на насилство од жените


Тепањето, болката, отфреленоста ,физичкото и психичкото малтретирање не се само делови од женските тажни приказни за животот кој тргнал наопаку. 39 годишниот скопјанец бил жртава на неговата сопруга која почнала да го тепа уште на почетокот на бракот кој траел осум години.

„Ме навредуваше со се и сешто. Почнувајќи од вулгарни зборови, неспособен, ненормален итн“

Но ова вели тој било само психичкото малтретирање. Таа често знаела и физички да го нападне со првото што ке и дошло на памет и при рака

„Ме имаше мавано со пластични столчиња. Ме туркаше врз печка трајно жаречка. Почна да ме дави. Ме маваше со подарок за децата.“

Ваквиот живот кај него предизвикал и болест

„Добив дијабетис, се разболев од преголеми нервози.“

Но жртва на неговата сопруга не бил само тој туку и неговите две деца за кои вели дека биле пресудни кога размислувл и се решил да се разведе.

„И комшиите кажуваа како го тепала големото, и како го затворала на тераса за да се тресе од студ. Не смееја тие да кажуваат од голем страв. После на некој начин ќе кажат. Сега се послободни, па кажуваат што и како било.“

Сега сака да почне нов живот спокоен и посветен на децата. Неговата тажна приказна веке завршува и се назира срекниот крај. Но според податаоците на центарот за еманципација, солидарност и еднаквост ЕСЕ кој пружа помош на малтретирани жени и мажи во текот на последниве три години се пријавиле околу 1000 мажи кои биле жртви на семјното насилство. Социјалниот работник Душко Миновски објаснува дека бројот на ваквите случаи е во пораст.

„Сигурно бројката е поголема, но мачоменството сеуште трае.“

Иако на Балканот ова е табу во светот веке постојат советулишта и рифатилиша кој што се наменети само за мажи. Во Соединетите американски држави на секој 38 секунди една жена е подложена на физичко насилство а на секоја 21 секунда по еден маж. Во Европа пак 19 отсто од домашното насилтво е извршено врз мажот- велат податоците од истражувањата на Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG