Достапни линкови

Газа: Нови напади на израелски авиони


Израелски авиони изутрината извршиле нови напади во Газа, при што градот останал без струја, но нема информации за повредени. Цел биле канцелариите на Фатах и на две други милитантни групи. Израелски сили денеска и на Западниот Брег упаднале во градовите Килкилија и Тулкарем во потрага по милитанти на Хамас. Израелската армија соопшти дека засега нема намера да прекине со воздушните напади како и со акциите за апсење на палестинските милитанти.
XS
SM
MD
LG