Достапни линкови

logo-print

Израел: Продолжуваат нападите врз Појасот Газа


Израелската армија соопшти дека денеска извршила воздушни напади врз две цели во Појасот Газа како дел од кампањата против палестинските милитанти. Во исто време во Западниот Брег израелската војска уапсила повеќе од осумдесет палестински активисти припадници на ХАМАС и на Исламски Џихад. До акциите дојде само неколку часа откако израелскиот премиер Ариел Шарон тесно победи на гласањето за претседател на партијата Ликуд.
XS
SM
MD
LG