Достапни линкови

logo-print

Нов европски закон за стечај, за да не се разграбува капиталот на фирмите


Долгите стечајни постапки беа главната причина што досега најголем дел од претрпијатијата зваршуваа со ликвидација. Владата како дел од реформските мерки најавува дека со новиот закон кој веке ја мина првата фаза во собранието, ќе се овозмоши лимитирање на стечајните постапки на не повеќе од 18 месеци , а во пакет со зголемување пред се на личната одговионрост на стечајниот управник ќе се избегнат ситациите да се раскр;мува имото на фирмите, вели заминк министерот зас економија Саша Андоновски

„Мора да биде регистриран, мора да има лиценца за работа, мора да биде осигуран во случај на штета, што значи реално се трудиме да ги заштитиме стечајните фирми од злоупотреби на поединци што ги правеа до сега и го раскрчмуваа нивниот имот. Мора да водиме сметка на брзо рестартитање на овие капацитети.“

Во Македонија сепак финишира процесот на приватзиација смета либералката Ристана Лалевска, според која можеби подбро ќе беше да се оди кон донесување на закон за ликдиација:

„Ако имавме ваков закон пет години порано многу подобро ќе одевме со стечаите. Сега кога завршува приватизацијата, основното прашање што ме измачува е дали ни е потребен закон за стечај или едноставно да поминеме во некој закон за ликвидација или банкрот.“

„Во ликвидација одат фирми кои немаат никакви долгови кон никого, во стечај одат оние кои долгуваат пари, без оглед дали на државата или доверители,“


вели Андоновски.

Стечајниот совет повеке нема да биде орган на постпката со што вели Славе Ристески од СДСМ ќе се одбегне досегашната пракса постапките да заглавуваат во судовите, според кого сепак ке треба во финалната фаза на законот да се прецизира кога фирмите се всушност несолвентни, поради фактот што има такви со сметки во повеќе банки

„Одредбата можеби држи 45 дена да не може да ги подмируваат своите обврски и второ според мене е кој ја покренува постапката за стечај, Честопати доверителите одбегнуваат по основ на трошоците кои ги плаќаат, тие се доста високи и на тој начин доста фирми иако исполнуваат услови, не одат под стечај.“

Новиот закон за стечај е дел од законите кои мора да се услогласат со европските во делот на несолвентонсота на стопанските субјекти затоа што е еден од условите за пристапување кон ЕУ.
XS
SM
MD
LG