Достапни линкови

Атина: Прославена европската шампионска титула во кошарка


Низ улиците на грчките градови синоќа бучно била прославувана шампионската титула на грчката репрезентација на Европското кошаркарско првенство во Белград. Во финалниот натпревар Грција ја победи Германија со шестнаесет кошеви разлика. Со тоа Грција стана прва земја која по Советскиот Сојуз во илјада деветстотини шеесет и првата во исто време е европски првак и во кошарка и во фудбал.
XS
SM
MD
LG