Достапни линкови

logo-print

Владата на Бучковски доби доверба, тој не прифаќа ниту една критика од опозицијата


Премиерот Владо Бучковски продолжува да живее во некаков сон дека ова Влада работи успешно , велат во ВМРО НАРОДНА кои ја покренаа иницијативата за доверба на Владата во Собрание што според очекувањата и не им успеа. Пред гласњето последен се обрати премиерот Бучковски кој одби даги прифати критиките на опозицијата , кои главно се однесуваа на лошата економска и соцјална, безбедноста и процесот на интеграција на земјата во евроатланстските структури.

„Не прифаќам ниту една од изречените критики. Релано ние го направивме она што други политички опции не можеа да го направат,“

изјави од собраниската гоцворница премиерот Бучковски. Ни се обидеовме да укажеме на слабостите на ова влада но очигледно премиерот нема слух за тоа вели жарко караџовски од ВМРО Народна

„Аргументите на опозицијата за него не се прифатливи. Сеуште живее во сон дека владата работи успешно, дека владата покажува континуитет. Очигледно не е така. Ние се потрудивме со аргументи тоа да го кажеме, се надеваме дека ќе извлече поука, без разлика што настапот му беше самоуверен.“

Во опозициската ВМРО ДПМНЕ веат дека и покрај отфрлањето на критиките од страна на премиерот 90 посто од нив упатени од страна на опозициските пратеници се вистините

„Сепак премиерот треба да си ги согледа грешките. На Македонија и треба квалитетна влада. Укажувањата од страна на опозицијата, 90 насто се вистинити. Колку и да зборува дека стопанството оди напред, дека животот е подобар, дека има странски инвестиции, сепак за тоа зборуваат и странските статистики.“

Инаку за недоверба на владата гласа 23 пратеници 61 беа против а двајца воздржани.
XS
SM
MD
LG