Достапни линкови

logo-print

Ирак: Престрелка со шиитските милитанти


Во престрелката на американските трупи и шиитските милитанти во Ирак, биле убиени осумина милитанти приврзаници на шиитскиот муслимански водач Моктада ал Садр. Претсрелката траела околу еден час, а како што соопшти ирачката полиција таа започнала откако, американските сили влегле во шиитската област во градот Садр, преземајќи акција за пронаоѓање на милитантни членови осомничени за извршување на герилски напади во земјата. Инаку денеска при експлозија на автомобил бомба во Багдад загинале осумина полицијаци и цивили, а во самоубиствен бомбашки напад што се случил на пазар во градот Хила, загинале најмалку три лица.
XS
SM
MD
LG