Достапни линкови

Иран: Отфрлена резолуцијата на Меѓународната Агенција за атомска енергија


Иран ја отфрли резолуцијата на Меѓународната Агенција за атомска енергија, нарекувајќи ја „нелегална и неприфатлива„. Синоќа во Виена, Меѓународната Агенција ја усвои резолуцијата на Европската Унија, со која се предвидува Иран да му биде предаден на Советот за безбедност на ОН, поради нуклеарните активности на земјата. Соединетите Држави и Европската Унија ја поздравија резолуцијата која беше усвоена со 22 гласа од вкупно 35-те членови на Агенцијата. 12 членови меѓу кои Русија и Кина беа воздржани, а Венецуела гласаше против.
XS
SM
MD
LG