Достапни линкови

logo-print

Преокупираност со решавање на политичките проблеми


Деновиве јавноста беше преокупирана со интерпелацијата на владата, одбивањето од страна на НАТО алијансата, даночната пирамида, случајот со поранешниот владика Зоран Вранишковски. Летото пак, помина во знакот на Кондово и Агим Красниќи. Дали на сметка на економските теми, сиромаштијата и невработеноста на граѓаните се отвараат политички проблеми. Економистот Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет смета дека во одредени периоди од 14 годишната транзиција се случува економските проблеми да се запостават, но не наемерно од страна на Владата туку затоа што Македонија имаше политички и безбедноси проблеми кои се приоретни за решавање:

„Мене ми се чини дека во последната година Владата е сигурно свесна, посебно што политичката ситуација сега е поправена, дека сега нема никаков алиби за запоставување на економските теми и сигурно е свесна дека на наредните избори таа ќе биде оцената за тоа што направила на економски план, а не на кој било друг план.“

вели Узунов и додава дека сепак во Македонија некој намерно конструира политички теми, но тоа не е Владата:

„Сега овие јас би претпоставил нови политички теми наместо економските, не се прашање на тоа дали Владата ги констурира за да не се бави со економија, туку нив ги конструираат други луѓе затоа што тоа така им чини, додека Владата се обидува да се справи со тоа и притоа давајќи акцент на економските реформи. Ако нешто може да се препорача, тоа е Владата доколку може уште повеќе да се бави со економски теми.“

Според него ова е период во кој веќе и за граѓаните најбитна тема е економската состојба:

„Дефинитивно им е дојдено преку глава. Дури и да ги прашате сега припадниците на малцинствата или етничките заедници во Македонија сите ќе речат дека е потребно да се работи на економски прашања.“

И професорот од Економскиот факултет Живко Атанасовски се согласува дека за народот приоретни проблеми повеќе не се политичките и безбедносните:

„Тоа веќе граѓаните го манифестираат со својата апстиненција. Затоа што веќе сватиле дека дури „ни господ“ неможе да им помогне, а не било која Влада и тие ги апстинираат сите активности, освен оние музички активности и хепенинзи“

Но, според него државата си создава сама на себе лоша атмосфера пред сите меѓународни фактори:

„И со случајот на Вранишковски и со други случаи, за кои се гледа дека ја губи битката, кај сите фактори и кај домашните, така и кај странските, но и во Европската Унија.“

Во однос на економијата која според Атанасовски е во голема криза, државата ги пропуштила сиве овие години на транзиција за да спроведе реформи кои ќе дадат позитивни резултати.
XS
SM
MD
LG