Достапни линкови

Москва: Одземена визата на адвокатот на Михаил Кодорковски


Руските власти му ја анулираа визата и му наредија да ја напушти земјата на Роберт Амстердам адвокат на затворениот руски нафтен тајкун Михаил Кодорковски. Амстердам канаѓанец и контакт на Кодорковски со странските медиуми за ројтерс изјави дека полицијата минатата ноќ му влегла во хотелската соба, му ја откажала визата и му наредила во рок од 24 часа да ја напушти Русија. Од рускиот затворски сервис е соопштено дека Кодорковски во рок од 10 дена ќе биде испратен надвор од Москва на служење на затворската казна од 8 години. Каде не е соопштено.
XS
SM
MD
LG