Достапни линкови

Тексас: Ураганот Рита го сменил правецот и Хјустон и Галвестон можеби нема да бидат погодени


Ураганот Рита го сменил правецот кон десно поостро од што се очекувало и можеби Хјустон и Галвестон ќе го одбегнат директниот удар. Патиштата и аеродромите во Тексас и Луизијана се преполни со, според проценките околу милион луѓе, кои ги напуштаат своите домови пред налетот на Рита кој се очекува да го погоди подрачјето утре изутрина. Како опасност од директен удар поради промената на курсот сега се наведуваат Порт Артур во Тексас или Езерото Чарлс во Луизјана. Националниот Центар во меѓувреме соопшти дека иако степенот на силата на Рита е паднат од 5 на 4 категорија сепак опасноста и непревидливоста останува. Американскиот претседател Џорџ Буш доцна синоќа изјави дека мерки се преземаат на сите нивоа.
XS
SM
MD
LG