Достапни линкови

Граѓаните на Македонија најнезадоволни од системот на управување


Слобода на движење, слобода на изразување и почитување на човековите права, со овие зборови граѓаните го дефинираат поимот демократија. Но, речиси сите од нив незадоволството од овој систем го поврзуваат со лошата економска состојба и големата невработеност.

„Нема, се е вистински хаос. Не е демократија секој да поседува оружје и кога сака да пука„
„Никаква демократија нема. Тие главните горе си гледаат за себе, а за работникот ништо“
„Бидејќи сме „поклопени“ со една сиромаштија, безработица... и сето друго е безнадежно.“


И истражувањето на агенцијата Галуп спроведено во повеке од 65 земји покажува дека граѓаните на Македонија се меѓу најнезадоволните од овој ситем на уредување. Дури 48 проценти одговориле дека се разочарани од демократијата. Според Панде Лазаровски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања лошото спроведување на демократијата од страна на власта е причина за незадоволство на граѓаните:

„Граѓаните сакаат да видат ефикасна Влада, каде самите ќе почуствуваат дека се во центарот на внимание, но во позитивна смисла, односно власт која јавната функција ја врши во насока на исполнување на интересите на граѓаните. Меѓутоа оваа карикатура од демократија, е се, само не она што луѓето го очекуваат“

вели Лазаровски и потенцира дека и граѓаните не се доволно подготвени за прифаќање на одговорностите и благодетите кои ги носи демократијата:

„Тоа го покажа и референдумското изјаснување, каде што буквално се направи пародија од целиот правен поредок на земјата и сите оние што навестуваа дека ќе кажат не на играњето мајтап со правниот поредок на земјта, потоа не се појавија на гласање.“

Професорот од Филозофскиот факултет Бранислав Саркањац пак, со спротивно мислење. Тој смета дека граѓаните кај нас се апсолутно подготвени за овој систем:

„Ние во 1991 година не се симнавме од планини за да живееме во независна Република Македонија, туку Македонија има историја на институции.“

Според него причината за незадоволството на граѓаните е во разочарувањето од лошата економска сотојба која што владее во последните 14 години:

„Демократијата денеска треба да се земе комплексно. Демократија незначи само слобода или граѓани права. Демократија значи социјална правда и богатства, тоа значи дека во оние земји каде што владее сиромаштија таа тешко се практикува“.

објаснува Саркањац.
XS
SM
MD
LG