Достапни линкови

Илјадници луѓе ги напуштаат своите домови во Тексас


Илјадници луѓе ги напуштаат своите домови во Тексас пред силниот ураган Рита кој со ветрови од двесете шеесет и пет километри на час се очекува в сабота да го погоди тоа подрачје. Ураганот Рита ја достигна петтата, најсилна, категорија на бури. Претходниот катастрофален ураган Катрина беше во категоријата четири.

Властите во Тексас ја почнаа евакуацијата на над милион луѓе особено во крајбрежните делови и во околината на градот Хјустон. Американскиот претседател Џорџ Буш побара од жителите на Хјустон и на Галвестон, како и на оние од веќе уништениот Њу Орлеанс, веднаш да најдат засолништа.

„Се надеваме и се молиме дека ураганот Рита нема да биде разорен, но мораме да бидеме подготвени и на најлошто.“

Изјави претседателот Буш кој остро е критикуван поради бавните акции во текот и по разорниот ураган Катрина кој кон крајот на август го погоди југоисточниот брег на Соединетите Држави. Ураганот Рита во вторникот зафати некои острови во близина на Флорида, но не причини поголеми штети. Во меѓувреме, тој добиваше во интензитет и сега е посилен од претходниот ураган Катрина во кој засега бројот на жртвите е над илјада. Рита најверојатно, според експертите, ќе го погоди брегот на Тексас кај градот Галвестон каде што во почетокот на дваесетиот век најмалку осум илјади загинаа во досега најсмртоносниот ураган во американската историја. Последниот ураган со таков интензитет беше ураганот Ендрју пред тринаесет години. Гувернерот на Тексас Рик Пери најави дека ураганот Рита во наредниве часови би можело да го намали својот интензитет, односно од петтата да се спушти на четвртата категорија.

„Нема потреба од паника. Се подготвуваме за вакви настани многу години. Беа спроведени голем број на вежби за настан како овој.“

Порача тексашкиот гувернер Рик Пери. Освен во Тексас вонредна состојба е прогласена и во Луизијана. Стотици илјади луѓе кои пред ураганот Катрина најдоа засолниште во Тексас сега се префрлуваат во соседниот Арканзас. Ураганот Рита е петтиот ураган годинава што го погодува американскиот југ. Многумина, како што јавуваат агенциите, веќе и со страхувањето: Ураганите не прогонуваат насекаде.
XS
SM
MD
LG