Достапни линкови

Њујорк: Албанија смета дека на Косово треба да му се даде условна независност


Албанскиот министер за надворешни работи Бесник Мустафај доцна синоќа во Њујорк изјави дека на Косово треба да му биде дадена условна независност од Србија и Црна Гора. Мустафај во генералното собрание на Обединетите Нации рече дека во извесен период меѓународната заедница ќе треба да ги набљудува развојот на косовските институции и остварувањето на правата на србите и другите малцинства. Српскиот заменик министер Миомир Удовицки оцени дека изјавата на Мустафа не придонесува за потребната соработка меѓу Белград и Тирана.
XS
SM
MD
LG