Достапни линкови

Стартува примената на европскиот кредит трансфер систем


Од оваа академска година на сите факултети на универзитетите во земјава ке започне да се применува европскиот трансфер кредит систем. Целосна примена на овој начин на функционирање има само на Штуловиот универзитет во Тетово и тоа уште од неговото отварање во 2001 година. Овој систем овозможува со освоените кредити премин од една насока на друга, на било кој од факултетите доколку го има тој предмет, или на универзитетите во Европа. Освен ова важна новина е и тоа што се предвидува континуирано следење на работата на студентите преку полагање на испитите на делови, активности на вежбите, изработка на семинарски за што се добиваат кредити. Овој начин на работа и оценување се применуваше и досега, но тоа не беше обврска

„На самиот факултет можеби повеќе од 50 насто од професорите го применуваат тој начин на оценување, дури беше направена и компјутерска програма за да може да се води таа евиденција што поедноставно и попрецизно и подобро за студентите. Значи, веќе имаме и компјутерски систем.“

„Дел од професорите во некоја форма имаат применувано облици што ги бара европскиот кредит трансфер систем, значи не сите, но помладите генерално даваа и семинарски работи, но не организирано.“

изјавија продеканите за настава на Правниот факултет, Јадранка Дабовик и Сузана Лошкоска од Електротехничкиот факултет.

Студентите пак задоволни што можат да ги полагаат испитите на делови, но не веруваат дека тоа ке се спроведува по сите предмети, велат и досега имаше можности за тоа, но мал број на професори работеа по тој систем

„Треба сите предмети да се воведат така да бидат, да не мора да се оди пред професор и да се одговара усно. Само лошо е што иако програмата е нова, професорите се стари и тие не го применуваат тоа како што треба.“

„Тоа е добра новина, ама мислам дека професорите се навикнати да работат по старата тактика.“


Овој систем предвидува и нови наставни програми. Така на пример на Правниот факултет наместо досегашните 4 години на студии за правници, сега ке постои системот 3 плус два, што значи со три години се завршува парвниот факултет, а двете години потоа се магистратура или специјализација во одредени области, како бизнис право, мегународно право и дипломатија, правосудство. Електротехничкиот факултет пак ке биде 4 години наместо досегашните пет, а петтата година ке бидат магистерски студии со што се прави изедначување со техничките факултети во Европа.
XS
SM
MD
LG