Достапни линкови

Виена: Нуклеарната програма на Иран на дневен ред


Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена ќе ја разгледа нацрт резолуцијата на Европската Унија со која се предвидува Иран, поради својата нуклеарна програма, да биде пријавен во Советот за безбедност за можни економски санкции. Главниот ирански преговарач Али Лариџани остро реагираше на ваквиот европски потег. Против резолуцијата се изјаснија и претставниците на Русија и на Кина.
Денеска во Авганистан почнува пребројувањето на гласовите од неделните парламентарни избори во таа земја. Првичните резултати за двесет четириесет и деветте пратенички места и за трисесет и четирите регионални совети се очекуваат по две недели. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вчера побара завршување на поголемите американски воени операции во земјата со оглед на успешните избори.
XS
SM
MD
LG