Достапни линкови

Токио: Коизуми повторно избран за премиер


Двата дома на јапонскиот парламентденеска повторно го избра Јуничиро Коизуми за премиер, десет дена по триумфалната изборна победа на неговата Либерално демократска партија. Претходно, кабинетот на Коизуми си даде колективна оставка, но се очекува тој повторно да го избере истиот тим. Апсолутното мнозинство во парламентот му го олеснува патот на Коизуми да го приватизира поштенскиот систем во земјата, прашање кое доведе до предвремени избори во Јапонија.
XS
SM
MD
LG